Линкови за пристапност

Обама се сретна со конгресните лидери


Обама се сретна со конгресните лидери
Обама се сретна со конгресните лидери

Со договорот, познат по кратенката СТАРТ, би се намалиле нуклеарните залихи во САД и Русија за околу 30 проценти

Американскиот претседател Барак Обама вели дека новиот договор со Русија за контрола на нуклерното оружје е суштински за националната безбедност, но подвлече дека даночните скратувања за американската средна класа мора да бидат на прво место. Тој ова го изјави по средбата со демократските и републикански конгресни лидери во Белата куќа – прва по конгресните избори во ноември.

„Мислам дека имаше искрен напор од сите инволвирани страни да се обврзат на соработка “, рече Обама.

Со договорот, познат по кратенката СТАРТ, би се намалиле нуклеарните залихи во САД и Русија за околу 30 проценти.

Обама лкажа дека нуклеарниот договор има широка поддршка и од поранешни претставници на одбраната, и од дипломати од обете партии. Некои републиканци изразија загриженост за договорот, велејќи дека би им наштетил на американските напори за противракетна одбрана.

Идниот претседател на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бонер истакна дека неговите сопартијци се едногласни дека Конгресот мора како приоритет да ги постави спроведувањето на даночни скратувања и намалувањето на владините трошоци.

XS
SM
MD
LG