Линкови за пристапност

Обама ги повикува законодавците да трошат помалку на локални проекти


Обама ги повикува законодавците да трошат помалку на локални проекти
Обама ги повикува законодавците да трошат помалку на локални проекти

Републиканската опозиција ја обвинува администрацијата за прекумерно трошење. Тоа помогна републиканците да добијат многу места на неодамнешните конгресни избори.

Американскиот претседател Барак Обама ја заврши турнејата низ Азија чија цел беше отварање нови пазари за американските производи, што брзо се развиваат. Во неделното обраќање до нацијата, тој подвлече дека економската конкуренција е голема.

„Често велам дека Америка не игра за второ место. Иднината за која се бориме не е како светски најголем увезувач и конзумент на производи, туку како светски најголем производител на идеи и добра што се продаваат во светот“, вели Обама.

Американскиот претседател рече дека за да придонесат за економски растеж, САД мора да го намалат буџетскиот дефицит и да ги намалат трошоците.

Републиканската опозиција ја обвинува администрацијата за прекумерно трошење. Тоа помогна републиканците да добијат многу места на неодамнешните конгресни избори.

Претседателот Обама вели дека ги повикува демократските и републиканските законодавци да покажат дека се сериозни за реформите и да го прекинат финансирањето на проектите во локалните општини.

Во неделното обраќање на републиканците, конгресменот Грег Валден вети дека ќе изврши реформи во политиката во Конгресот кога републиканците ќе ја преземат контролата во Претставничкиот дом во јануари.

Валден изложи бројни начини на кои републиканците планираат да го направат Претставничкиот дом потранспарентен, вклучувајќи и поставување јавни камери во Комисијата за правила, каде законовците одлучуваат кои предлог-закони и амандмани ќе бидат ставени на гласање.

XS
SM
MD
LG