Линкови за пристапност

Обама на Конференција за климатските промени


Целта е да се засили свеста за тоа како ефектите од високите температури во Арктикот влијаат на светот

Претседателот Обама патува за Аљаска да се сретне со тамошните жители и да се обрати на конференцијата каде американски и странски официјални лица, научници и локалци се собираат да дискутираат за ефектите од климатските промени врз артичкиот регион.

Целта на конференцијата Глечер, според Белата куќа, е да се засили свеста за тоа како ефектите од високите температури во Арктикот влијаат врз остатокот од светот и каков треба да биде одговорот. Оваа тема беше фокус на редовното неделно обраќање на Обама, при што предупреди дека жителите на Аљаска се соочуваат со почести и зголемени шумски пожари, топење на глечери со топењето на мразот во морето.

XS
SM
MD
LG