Линкови за пристапност

САД ја поддржуват Индија за Советот за безбедност на ОН


САД ја поддржуват Индија за Советот за безбедност на ОН
САД ја поддржуват Индија за Советот за безбедност на ОН

Водачите на двете најбројни демократии во светот изложија серија договори за соработка на клучни прашања, од борбата против тероризмот до климатските промени.

Американскиот претседател Барак Обама ја поддржува идејата за реформиран Совет за безбедност на ОН во кој Индија би била постојана членка.

Во знак на поддршка за Индија како глобална сила, Обама во говорот во индискиот парламент рече дека САД се за ефикасни, ефективни, кредибилни и легитимни ОН и дека поради тоа ја поддржуваат Индија да стане постојана членка.

Американскиот претседател говореше во Њу Делхи, на третиот и последен ден од посетата на Индија, во рамки на азиската турнеја. Тој оцени дека Индија „веќе се појави“ како светска сила, а за односите меѓу Вашингтон и Њу Делхи кажа дека ќе влијаат во дефинирањето на 21-от век.

Претходно, Обама се сретна со индискиот премиер Манохан Синг. Водачите на двете најбројни демократии во светот изложија серија договори за соработка на клучни прашања, од борбата против тероризмот до климатските промени.

XS
SM
MD
LG