Линкови за пристапност

Обама на азиска турнеја


Обама на азиска турнеја
Обама на азиска турнеја

Четиридневната посета на Индија е негова досега најдолга на функцијата.

Американскиот претседател Барак Обама петокот ќе замине на 10-дневна турнеја по Азија, за да ги зајакне економските врски со економиите во подем од регионот.

Обама најпрвин ќе ја посети Индија, каде заедно со неколку американски деловни водачи ќе престојува во финансискиот центар Мумбаи и главниот град Њу Делхи. Обама четвртокот на средба со новинари кажа дека регионот е еден од најбрзо растечките пазари на светот и дека целта на посетата е да ги отвори тие пазари за продажба на американски производи, како и да создаде нови работни места.

Четиридневната посета на Индија е негова досега најдолга на функцијата.

По Индија, Обама ќе ја посети и Индонезија, каде минал дел од детството, а потоа ќе замине за Сеул, на средбата на 20-те најголеми економии во светот.

XS
SM
MD
LG