Линкови за пристапност

Вооружен човек „сакал да го види“ претседателот Обама


Вооружен човек „сакал да го види“ претседателот Обама
Вооружен човек „сакал да го види“ претседателот Обама

Истрагата се обидува да утврди зошто Меквеј бил на аеродромот во моментот и зошто имал полициска опрема, иако не работи за полицијата.

Вооружен човек, кој бил уапсен на аеродром во сојузната држава Северна Каролина, на полицијата и` рекол дека „сакал да го види“ претседателот Барак Обама.

23-годишниот Џозеф Меквеј бил уапсен на паркингот на аеродромот во Ешвил, кусо време откако претседателот Обама заминал од овој град.

Меквеј бил забележан како носи пушка, по што бил уапсен по брза постапка. Полицијата соопшти дека тој во ниту еден момент не се приближил до претседателот.

Властите велат дека во неговиот автомобил била пронајдена полициска опрема, вклучувајќи сирена со светлосни сигнали. Истрагата се обидува да утврди зошто Меквеј бил на аеродромот во моментот и зошто имал полициска опрема, иако не работи за полицијата.

XS
SM
MD
LG