Линкови за пристапност

Обама започна разговори за пополнување на место во Врховниот суд


Обама започна разговори за пополнување на место во Врховниот суд
Обама започна разговори за пополнување на место во Врховниот суд

Имињата на потенцијалните кандидати засега не се објавуваат

Американскиот претседател Барак Обама се среќава со влијателни американски сенатори во Белата куќа за разговори во врска со пополнување на место што наскоро ќе биде испразнето во Врховниот суд.

Обама ќе разговара со лидерот на демократите во сенатот Хари Рид, како и со првиот човек на малцинските републиканци Мич Меконел. Првите луѓе од двете партии во сенатската комисија за правосудство, Патрик Лехи и Џеф Сешнс, ќе се приклучат на разговорите за советување на претседателот за претстојната номинација.

Белата куќа соопшти дека Обама започнал разговори со десетина потенцијални кандидати за местото на судијата Џон Пол Стивенс кој најави пензионирање.

Имињата на потенцијалните кандидати засега не се објавуваат.

Пензионирањето на судијата Стивенс му дава втора можност на претседателот Обама за пополнување на испразнето место во највисоката судска истанца.

Лани, сенатот го одобри изборот на Обама за нов судија во Врховниот суд – Соња Сотомајор, која стана прва жена од хиспанско потекло на оваа функција.

XS
SM
MD
LG