Линкови за пристапност

Обама: Израелскиот план за нови градби не им помага на мировните напори

Обама: Израелскиот план за нови градби не им помага на мировните напори
Обама: Израелскиот план за нови градби не им помага на мировните напори

Американскиот претседател Барак Обама го критикуваше планот на Израел да гради домови за Евреите во спорната област на источен Ерусалим, велејќи дека тоа не помага на израелско-арапските мировни напори.

Во интервју за тв-мрежата Фокс, Обама рече дека САД и Израел не се согласуваат околу начините како да се обноват израелско-палестинските мировни разговори.

Тој сепак порекна каква било криза во американско-израелските односи и рече дека американскиот и израелскиот народ имаат „специјална врска која нема да исчезне“.

Израел минатата недела објави план за изградба на 1.600 домови во источен Ерусалим, што наиде на осуда кај високи американски претставници. Палестинците ја сметаат областа за место на иден главен град и бараат откажување на проектот, како услов за учество во индиректните мировни разговори со Израел со посредство на САД.

Обама додаде дека неговата администрација ги осудува и овонеделните палестински немири во источен Ерусалим, во кои демонстрантите го изразуваа своето незадоволство на осветувањето на историска синагога од страна на Израел. Синагогата е лоцирана во близина на муслимански храмови во Стариот град на источен Ерусалим.

Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Џорџ Мичел в недела ќе отпатува во регионот, по одлагање од неколку дена заради заради дипломатскиот спор со Израел. Виш палестински претставник вели дека Мичел ќе ги продолжи неговите напори за почеток на индиректните мировните разговори меѓу Израел и Палестинците.

XS
SM
MD
LG