Линкови за пристапност

Имамот од Њујорк бара меѓуверска акција против екстремизмот


Имамот Фајсал Абдул Рауф оцени дека исламот во Америка сега се соочува со „многу поголема контроверза“ што се однесува „на односот меѓу мојата сакана религија и мојата сакана земја“.

Водачот на муслиманската организација која се обидува да изгради Исламски центар во Њујорк, вели дека спорот околу локацијата на центарот во близина на поранешниот Светски трговски центар прераснал во многу посериозна дебата.

Имамот Фајсал Абдул Рауф оцени дека исламот во Америка сега се соочува со „многу поголема контроверза“ што се однесува „на односот меѓу мојата сакана религија и мојата сакана земја“.

Во говорот во Советот за односи со странство, Рауф се пожали дека ривалски фракции го вметнале прашањето за џамијата во, како што ја нарече, „вжештаната политичка сезона“ пред конгресните изборите во ноември.

Мошне познатиот институт за истражување на јавното мислење од Универзитетот Квинипек понеделникот објави резултати од најновата анкета на национално ниво, според која 70% од американските гласачи сметаат дека муслиманите имаат право да изградат исламски културен центар во близина на местото на нападите од 2001-та година. Па сепак, 63% проценти од анкетираните сметаат дека тој чекор би бил погрешен.

XS
SM
MD
LG