Линкови за пристапност

Рауф оптимист за изградбата на Исламскиот центар во Њујорк


Имамот рече дека центарот ќе обезбеди и „место каде ќе се негува култура на богопочитување“

Муслиманскиот свештеник Фаисал Абдул Рауф, кој планира изградба на Исламски културен центар и џамија во близина на „граунд зиро“ – местото на терористичките напади во Њујорк 2001-вата, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека да се префрли изградбата на друга локација поради жестоките протести во САД на оние кои веруваат дека се работи за чувствително место, само би ги засилило исламските радикали и би поттикнало насилство против Американците.

Имамот рече и дека центарот ќе обезбеди и „место каде ќе се негува култура на богопочитување“ и каде би се сплотиле фундаменталните верувања на евреите, муслиманите и христијаните.

XS
SM
MD
LG