Линкови за пристапност

Бомбашот од Тајмс сквер се изјасни за виновен

Обвинението содржи 10 основи, меѓу кои и за поседување на оружје и чин на тероризам, како и употреба за оружје за масовно уништување

Пакистанскиот Американец Фајзал Шазад понеделникот се изјасни за виновен по сите точки на обвинението за неуспешниот обид за активирање автомобил-бомба на њујоршкиот Тајмс сквер.

Обвинението содржи 10 основи, меѓу кои и за поседување на оружје и чин на тероризам, како и употреба за оружје за масовно уништување. На распитот во судницата во Менхетн, Шазад рече дека самиот се смета за муслимански војник и дека се` додека САД не заминат од муслиманските земји, вклучувајќи ги Ирак и Авганистан, тој и други ќе вршат напади.

Обвинителите тврдат дека пакистански Талебан во западниот племенски регион Вазиристан го обучил 30-годишниот американски државјанин да ракува со експлозив. Обвинението наведува дека тој примил 12.000 долари од заговорниците на нападот за кои се верува дека работеле за организацијата.

This item is part of
XS
SM
MD
LG