Линкови за пристапност

Азија ја поздрави новата нуклеарна политика на САД


Азија ја поздрави новата нуклеарна политика на САД
Азија ја поздрави новата нуклеарна политика на САД

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека политиката би ја зајакнала американската обврска спрема своите сојузници.

Јапонски и јужнокорејски претставници ја пофалија новата нуклеарна политика на претседателот Барак Обама, велејќи дека само ја потврдува неговата определба кон свет без нуклеарно оружје.

Јапонскиот премиер Јукио Хатојама во средата изјави дека заживеаната политика е првиот чекор кон свет без нуклеарно оружје.

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека политиката би ја зајакнала американската обврска спрема своите сојузници, а би значела и притисок врз Северна Кореја да се откаже од производство на нуклеарно оружје.

Во вторникот, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун исто така ја поздрави ревизијата на политиката за нуклеарно оружје и повика на нејзино објавување, веднаш по склучувањето на новиот договор за контрола на вооружувањето меѓу САД и Русија. Тој кажа и дека ова ќе биде своевидна увертира на самитот за нуклеарна безбедност што наредната недела ќе се одржи во Вашингтон.

Ки-мун додаде дека со нетрпение ја чека водечката улога на САД во соработка со другите земји кои поседуваат нукеларно оружје по прашањето за намалување и елиминирање на улогата на нуклеарното оружје.

Администрацијата на Обама во вторникот соопшти дека САД нема да употребат ниту ќе се заканат со нуклеарно оружје на земји кои не поседуваат такво оружје согласно Договорот за неширење на нуклеарно оружје и обврските што произлегуваат од него.

XS
SM
MD
LG