Линкови за пристапност

Јужна Кореја: САД ќе испратат претставник во Северна Кореја


Јужна Кореја: САД ќе испратат претставник во Северна Кореја

Северна Кореја се очекува наскори да упати и официјално барање за помош во храна

Јужнокорејски официјално лице кое побара да остане анонимно соопшти дека САД одлучиле да испратат свој претставник во Северна Кореја на разговори за итното барање за помош во храна од страна на комунистичкиот режим.

Стивен Босфорт, американскиот специјален претставник за Северна Кореја истакна дека одлуката ќе биде соопштена во Вашингтон во наредните неколку дена.

Босфорт престојуваше во Сеул на разговори со Ви Сунг-лац, шефот на јужнокорејската делегација на шестраните разговори со Северна Кореја околу програмата за атомско оружје. Тој истакна дека со Ви имале „солидна дискусија“ околу барањето на Северна Кореја за помош во храна и дека „во голем дел ги доближиле своите ставови.“

XS
SM
MD
LG