Ким Јонг Ун, за кого се верува дека ќе биде следниот лидер на Северна Кореја, синот на актуелниот претседател Ким Јонг Ил, во неделата за прв пат официјално се појави во јавноста. За време на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на Работничката партија беше организирана, како што се опишува, најголемата воена парада во историјата на оваа комунистичка земја.
Ким Јонг Ун неодамна беше назначен и за генерал со четири ѕвездички. Тој е најмлад од трите сина на Ким Јонг Ил, но неговата возраст никогаш не е обелоденета од севернокорејските власти. Јужнокорејската влада верува дека Ким има 26 години.