Линкови за пристапност

Најмладиот син на Ким Џонг-ил - можен наследник


Најмладиот син на Ким Џонг-ил - можен наследник
Најмладиот син на Ким Џонг-ил - можен наследник

За Ким Џонг-ан не се знае многу, дури и во Северна Кореја, каде неговото постоење се чува во тајност.

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ил го подигна рангот на својот најмлад син на највисоко ниво во владеачката комунистичка партија, што претставува индикација дека тој е избраникот да го наследи својот татко.

Севернокорејската официјална новинска агенција во средата соопшти дека Ким Џонг-ан е назначен на функција во Централниот комитет на Работничката партија на овонеделната партиска конвенција. Според агенцијата, младиот Ким бил назначен и за заменик-раководител на влијателната централна армиска комисија во рамки на партијата, на чие чело е неговиот татко. Ким Џонг-ан сега е генерал со четири ѕвездички.

За Ким Џонг-ан не се знае многу, дури и во Северна Кореја, каде неговото постоење се чува во тајност. Се верува дека тој има 27 години, а дека се образувал во Швајцарија. Познавачите на политичката ситуација во земјата велат дека неговото забрзано назначување на позиции значи дека неговиот 68-годишен татко е во лоша здравствена состојба, откако во 2008-та наводно претрпе мозочен удар.

XS
SM
MD
LG