Линкови за пристапност

Нигериецот обвинет за терористички напад ќе се појави пред суд


Нигериецот обвинет за терористички напад ќе се појави пред суд
Нигериецот обвинет за терористички напад ќе се појави пред суд

За Абдулмуталаб постои и сомнение дека се обучувал со оперативци на Ал-Каида во Јемен.

Нигериецот обвинет за обид да активира бомба во авион на пат за Детроит, Мичиген на католички Божиќ треба да се појави пред суд за да биде информиран за датумот на почетокот на судскиот процес.

Умар Фарук Абдулмуталаб е обвинет по шест основи, меѓу што и за обид за употреба на оружје за масовно уништување и намерен обид за уништување на авион. Неговите адвокати рекоа дека преговараат со обвинителите за евентуален договор.

Абдулмуталаб беше уапсен на 25-ти декември 2009-та, откако патниците во авионот на релација Амстердам – Детроит го опколиле поради тоа што забележале дека неговите алишта почнале да горат. Тој е обвинет за обид да активира бомба сокриена во неговата долна облека.

За Абдулмуталаб постои и сомнение дека се обучувал со оперативци на Ал-Каида во Јемен.

Осомничениот се наоѓа во притвор во Детроит.

XS
SM
MD
LG