Линкови за пристапност

Почина претседателот на Нигерија


Почина претседателот на Нигерија
Почина претседателот на Нигерија

По смртта на Умару Јарадуа доцна во среда, на функцијата даде заклетва Гудлак Џонатан.

Вршителот на должноста претседател на Нигерија и официјално поднесе заклетва и сега е новиот лидер на земјата, само неколку часа откако избраниот претседател Умару Јарадуа почина по долго боледување.

Во кусото обраќање до јавноста, претседателот Џонатан вети мерки за борба против корупцијата, работа на фер избори и кон постигнување мир во регионот Делта на Нигер.

Претседателот Јарадуа почина доцна во средата во претседателската вила. Тој имаше 58 години. Неговиот наследник изјави дека Нигерија загубила „скапоцен камен на круната.“

Здравствени проблеми го попречија Јарадуа да ја врши функцијата од минатиот ноември. Тој три месеци мина во болница во Саудиска Арабија поради воспаление на мускулите околу срцето.

Неговото отсуство доведе до политичка криза што кулминираше во февруари годинава, кога нигерискиот парламент го именува потпретседателот Џонатан за вршител на должноста претседател на Нигерија.

Јарадуа кон крајот на февруари се врати во Нигерија, но не се појави во јавноста.

Поради смртта на Јарадуа, властите прогласија седумдневна жалост соопштувајќи дека тој ќе биде погребан во четврток.

XS
SM
MD
LG