Линкови за пристапност

Земјотрес во Нов Зеланд, најмалку 65 загинати


Земјотрес во Нов Зеланд, најмалку 65 загинати
Земјотрес во Нов Зеланд, најмалку 65 загинати

Премиерот Џон Ки најави дека бројот на загинати најверојатно ќе порасне

Најмалку 65 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди градот Кристчурч во Нов Зеланд во ек на работното време, уривајќи високи деловни згради.

Спасувачките екипи наведуваат дека се преплавени со повици додека се обидуваат да допрат до закопаните во урнатините. Хеликоптери гасеа пожари што избија како последица на земјотресот, а во спасување на вработените во една висококатница беше употребен и кран.

Премиерот Џон Ки, кој пристигна во Кристчурч од главниот град Велингтон, најави дека бројот на загинати најверојатно ќе порасне. „Се` чини дека сме сведоци на најтешките моменти за Нов Зеланд досега“, рече Ки.

Земјотресот со јачина од 6,3 степени е втор во последниве пет месеци што го погоди Кристчурч. Во претходниот со јачина од 7,1 степен немаше загинати, но епицентарот на најновиот е поблиску до градот и поблиску до површината на земјата, поради што и предизвика посериозни последици.

XS
SM
MD
LG