Њујоршката полиција повторно го пушти сообраќајот на голем мост во Њујорк откако било утврдено дека во сомнителниот изнајмен камион немало експлозив.
Полицијата вели дека не пронашле никаква бомба во напуштениот камион на мостот Роберт Ф. Кенеди, (порано познат како Мост Трајборо), за кој работник во средата пријавил дека мириса на бензин.
Очевидци изјавиле дека виделе човек како бега од камионот.
Мостот Роберт Ф. Кенеди ги поврзува областите во Њујорк, Менхетн, Квинс и Бронкс.
Инцидентот доаѓа кусо време по случајот со неексплодираниот автомобил бомба на Тајмс сквер.