Линкови за пристапност

Илегалната имиграција во САД во опаѓање


Илегалната имиграција во САД во опаѓање
Илегалната имиграција во САД во опаѓање

Аналитичарите како фактор го сметаат и фактот дека економиите на САД и Мексико се тесно врзани, така што многу зависи и од опоравокот на тој план

Бројот на илегални имигранти е во опаѓање насекаде во САД - за еден милион помалку од рекордните 12 милиони во 2007-ма. Во Лас Вегас тој паднал за 50.000, според податоците на Истражувачкиот центар Пју. Помошникот-директор на латиноамериканскиот оддел во организацијата, Марк Хуго Лопез, наведува дека губитокот на места во градежништвото е една од причините.

„Најверојатно и зајакната погранична контрола. Тоа се причините што луѓето решаваат да не дојдат во САД, а оние кои се во САД – решаваат да заминат“ вели Лопез.

Во 2009-тата беа депортирани речиси 400.000 илегални имигранти, голем дел во Мексико. Сирија Перез, која е на чело на здружение на имигранти од мексиканската сојузна држава Чиуава – „Чиуава без граници“, коментира: многумина мексикански семејства се половина-ваму, половина-таму.

„Има Многу случаи во кои еден од родителите е депортиран во Мексико, а другиот мака мачи да најде вработување, со деца кои се родени во САД“, вели Перез.

Фермин Рамирез е застапник во Лас Вегас на советодавна организација на мексиканската влада. Според него, многумина доброволно заминуваат.

„Се враќаат затоа што им е подобро таму. Тука немаат документи, немаат работа. Тогаш им е подобро да се вратат во Мексико“, тврди Рамирез.

Но, професорот по право Силвија Лазос од Универзитетот на Невада – Лас Вегас смета дека многумина остануваат поради своите деца родени во САД, кои се американски државјани. Таа се надева на имиграциона реформа токму поради овие деца.

„Иако илегалната имиграција е во опаѓање, стабилен е бројот на овие деца на кои им е потребно нашето внимание и грижа за бидат асимилирани и да имаат можност да успеат во американскиот живот“, вели Лазос.

Аналитичарите како фактор го сметаат и фактот дека економиите на САД и Мексико се тесно врзани, така што многу зависи и од опоравокот на тој план.

XS
SM
MD
LG