Орландо меџик како гостин во продолжение извојува победа против Бостон селтикс од 96:92 и избегна елиминација во четвртиот натпревар од финалната серија Источната конференција на НБА.
Двајт Хауард постигна 32 поени а и имаше и 16 скокови и четири „рампи“. Соиграчот Џамар Нелсон забележа 23 поени, од кои две последователни „тројки“ во продолжението. Кај домаќините најпрецизни беа Пол Пирс со 32 поени и Реј Ален со 22 поени.
И покрај поразот, Бостон води со 3: 1 во серијата најдобар од седум натпревари. Следниот меч се игра во Орландо во среда.