Линкови за пристапност

НБА плејоф: Бостон без пораз во второто коло


НБА плејоф: Бостон без пораз во второто коло
НБА плејоф: Бостон без пораз во второто коло

Лејкерс во мртва трка со Хорнетс

Бостон со четврта едноподруго победа над Њујорк, 101-89, се пласираше во второто коло. Кевин Гарнет со 26 поени и 10 скока и Ражон Рондо со 21 поен и 12 асистенции не оставија многу простор за домаќините Никс, кои играа без Чонси Билапс. Селтикс се првата екипа што се пласираше за второто коло.

Актуелниот шампион Лос Анџелес - поразен во Њу Орлеанс, 93-88, со што резултатот е израмнет на 2:2. Крис Пол кај Хорнетс беше феноменален со 27 поени, 15 асистенции и 13 скока. На Лејкерс не му помогнаа ни 17-те поени на Коби Брајант, но, за волја на вистината, тој и немаше посебно прецизна ноќ – 5 погодоци од 18 обиди.

Атланта се испречи пред Орландо со 88-85 и поведе со 3:1. а Филаделфија го запре Мајами, 86-82, и намали на 3:1.

Вечерва играат Сан Антонио-Мемфис, Портланд-Далас и Оклахома-Денвер.

XS
SM
MD
LG