Во завршница од холивудски трилер, Мајами хит успеаја да ја изедначат серијата најдобар од седум на 1:1 против Охлахома тандер со 100:96 во финалето на НБА. Во последната четвртина домашните Тандер понесени од громогласната публика ја анулираа предноста од 17 поени, но немаа среќа во последните секунди од мечот. Кај гостите од Мајами, Леброн Џејмс беше незадржлив со 32 поени, а кај домаќините најпрецизни како и досега - двоецот Кевин Дурант со 32, односно Расел Вестбрук со 27 коша. Следниот натпревар се игра во Мајами в недела.
Серијата „најдобар од седум“ е 1:1