Линкови за пристапност

Победа на Лејкерс против Феникс


Пол Гасол со 29 и Коби Брајант со 21 поен и 13 асистенции беа најзаслужни за победата.

Лос Анџелес лејкерс е чекор поблизу до финалето на НБА по победата над Феникс санс со 124-112. Пол Гасол со 29 и Коби Брајант со 21 поен и 13 асистенции беа најзаслужни за победата, додека кај Феникс се истакна Џероми Ричардсон со 27 поени.

Лос Анџелес води со 2:0 во серијата „најдобар во седум“ натпревари, а третиот меч се се игра во недела во Феникс.

Финалето од Источната конференција продолжува в сабота во Бостон, кој со победи во гости веќе води со 2:0 против Орландо.

XS
SM
MD
LG