Во финалето на Источната конференција на НБА, Бостон селтикс уште еднаш во гости го порази Орландо меџик со 95:92 и поведе со 2:0 во плеј-оф серијата најдобар од седум меча.
Пол Пирс со 28 и Ражон Рондо со 25 поени го предводеа Бостон до победата. Центарот на Орландо Двајт Хауард постигна 30 поени.
Следниот меч се игра во Бостон во сабота.