Линкови за пристапност

НБА - плеј-оф: Лејкерс поведоа со 2:0 против Тандер


Во Источната конференција, Бостон селтикс на домашен терен беа подобри од Мајами хит со 106-77

Лос Анџелес лејкерс ги победија Оклахома Сити тандер со 95-92 во вториот меч од серијата „најдобар во-седум“ во првото коло на плеј-оф-натреварите во НБА.

Коби Брајант го предводеше актуелниот шампион со 39 поени, вклучувајќи и 13 од 15 слободни фрлања. Соиграчот Пол Гасол постигна 25 поени а имаше и 12 скокови.

Кај Тандер најуспешен беше Кевин Дурант со 32 поени.

Следниот меч се игра во Оклахома Сити.

Во вториот натпревар доцна вторникот во Западната конференција, Феникс санс ги декласираа Портланд трејлблејзерс со 119-90. Џејсон Ричардсон постигна 29 поени за „сонцата“ и ја изедначи серијата на 1:1. Следниот меч е во Портланд.

Во Источната конференција, Бостон селтикс на домашен терен беа подобри од Мајами хит со 106-77. Глен Дејвис забележа 23 поени за Селтикс. Тој влезе во првата петорка на Бостон по суспензијата на ѕвездата Кевин Гарнет од два натпревари поради намерно удирање на Квентин Ричардсон.

Бостон поведе со 2:0. Третиот натпревар се игра во Мајами.

Атланта хоукс ги поразија Милвоки бакс со 96-86. Џо Џонсон постигна 27 поени за Хоукс, а соиграчот Џош Смит - 21 поен и 14 скокови.

Атланта води со 2:0. Третиот меч се игра во Милвоки.

XS
SM
MD
LG