Линкови за пристапност

Милитанти запалиле дваесетина танкери на НАТО во Пакистан


Милитанти запалиле дваесетина танкери на НАТО во Пакистан
Милитанти запалиле дваесетина танкери на НАТО во Пакистан

Околу 80 проценти од гориво и други намирници наменети за НАТО силите во Авганистан, минуваат преку Пакистан.

Пакистански претставници велат дека осомничени милитанти опожариле најмалку 27 танкери во јужен Пакистан кои пренесувале гориво за трупите на НАТО во Авганистан. Ова се случува еден ден откако во воздушен пограничен напад на НАТО, загинале тројца војници.

Надлежните сопштија дека групата напаѓачи отворила оган принудувајќи ги жителите да се разбегаат пред да ги запалат возилата. Се` уште не е познато дали некој загинал или бил повреден во инцидентот во петокот во градот Шикарпур. Полицијата подоцна уапсила околу 10 осомничени лица.

Во четвртокот Пакистан ја блокираше рутата за достава на гориво за силите на НАТО во Авганистан, веднаш по смртоносниот воздушен напад во племенскиот регион во близината на границата со Авганистан. Армиски портпарол изјави дека пакистанските трупи испукале предупредувачки истрели врз хелихоптери на НАТО кои одговориле со гранатен напад при што загинале тројца војници, а тројца други се повредени.

Околу 80 проценти од гориво и други намирници наменети за НАТО силите во Авганистан, минуваат преку Пакистан.

XS
SM
MD
LG