НАТО го претстави нацрт-документот во кој се набележани операциите за наредната деценија, што го проширува мандатот на организацијата за да вклучи контра-тероризам, војната во Авганистан и противракетната одбрана.
Во документот објавен во понеделникот во Брисел, се вели дека НАТО за прв пат мора да биде подготвен за борба против бунтовници надвор од територијата од нејзините 28 земји-членки.
Претставувајќи го планот, Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека Алијансата „може да треба да излезе од своите граници за да ги брани истите.“
Според планот, НАТО ќе се фокусира и на подобрување на односите со Русија, која ја поддржа Алијансата преку отварање на рускиот воздушен простор и копнените рути за набавки од Европа до Авганистан.
Новата програма се фокусира и на заканата од кибернетски напади и претпоставената закана од капацитетот на Иран за напад со балистички проектили. Во документот стои дека противракетната одбрана е најефикасна како заеднички потфат на Алијансата и нејзините партнери, вклучувајќи ја и Русија.