НАТО ја потврди одговорноста за инцидентот кога било стрелано врз тенкови на либиските бунтовници во близина на источниот град Брега, но за тоа ја обвини конфузната ситуација на теренот.
Заменик-командантот на НАТО Расел Хардинг изјави дека сојузничките сили претходно не виделе бунтовниците да управуваат со тенкови. Бунтовничките лидери велат дека во нападите загинале четири лица.
Хардинг одби да се извини за инцидентот, велејќи дека „флуидната“ ситуација во Брега ја отежнала проценката кој управувал со тенковите во моментот.
Контролата врз овој град богат со нафта за време на борбите изминативе неколку недели е наизменично во рацете на бунтовниците и на владата.
Во меѓувреме истражители на ОН рекоа дека ќе ги разгледаат прекршувањата на човековите права извршени од страна на силите лојални на либискиот водач Момар Гадафи и бунтовниците.