Линкови за пристапност

Генералниот секретар на НАТО и САД бараат ракетен план


Генералниот секретар на НАТО и САД бараат ракетен план
Генералниот секретар на НАТО и САД бараат ракетен план

Некои членки имаат резерви за цената на противракетниот систем што се очекува да го одобрат лидерите на НАТО на самитот наредниот месец во Португалија.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс дадоа цврста поддршка за поагилно НАТО, способно да се одбрани и од балистички проектили, и од кибернетски напади.

Обајцата говореа на реткиот заеднички состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите-членки на НАТО во Брисел, а со кој претседаваше генералниот секретар Андерс Фог Расмусен.

„Главната мисија на НАТО - да ги заштити 900-те милиони цивили од земјите членки на Алијансата, не смее никогаш да се промени. Но, мора да биде модерна одбрана против модерните закани“, истакна Расмусен.

Првиот човек на НАТО врши притисок Алијансата да го поддржи проектот за противракетна одбрана во Европа. Тој додаде дека заканата е очигледна, можностите постојат, а трошоците се решлив проблем.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс ја истакна потребата да се финансираат предложените одбрамбени заложби на НАТО, или, во спротивно, да се ризикува Алијансата „да биде испразнета“.

Некои членки имаат резерви за цената на противракетниот систем што се очекува да го одобрат лидерите на НАТО на самитот наредниот месец во Португалија.

НАТО последен пат направи промена во дефиницијата на својата мисија во 1999-та.

XS
SM
MD
LG