НАТО соопшти дека по темелно пребарување, телото на еден од двајцата исчезнати американски морнари е пронајдено во источен Авганистан.
НАТО додаде дека потрагата ќе продолжи се` додека не е пронајден и другиот морнар.
Талебан претходно кажа дека нивни борци во престрелка убиле еден морнар, а друг грабнале.
Двајцата морнари исчезнале во петокот во источната провинција Логар, откако навлегле во област позната како упориште на бунтовниците.
Во соопштението на НАТО не се наведува идентитетот на пронајдениот американски морнар, но според весникот Денвер пост, законодавец го идентификувал лицето како 30-годишен Џастин Мекнели. Законодавецот изјавил дека Мекнели бил син на сестрата на неговата сопруга.