Линкови за пристапност

Расмусен се залага за пакт за противракетна одбрана


Русија позитивно реагираше кога Расмусен повика на соработка по прашањето за противракетна одбрана минатиот септември, но е скептична за плановите на САД за изградба на таков систем во Европа.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен вели дека НАТО и Русија треба да соработуваат на планот за изградба на систем за одбрана од проектили за заштита од можни напади од Иран и други земји.

Во говор подготвен за конференција на Алијансата во сабота во Брисел, Расмусен ќе ги повика земјите-членки на НАТО да се усогласат по штитот од проектили до наредниот самит на алијансата во ноември. НАТО во петокот објави извадоци од говорот на Расмусен.

Русија позитивно реагираше кога Расмусен повика на соработка по прашањето за противракетна одбрана минатиот септември, но е скептична за плановите на САД за изградба на таков систем во Европа.

Американски претставници рекоа дека системот има за цел да ги заштити САД и нивните сојузници од можен ракетен напад од Иран и не претставува закана по Русија.

XS
SM
MD
LG