Линкови за пристапност

НАСА ги пензионира спеј-шатл леталата


НАСА ги пензионира спеј-шатл леталата
НАСА ги пензионира спеј-шатл леталата

Претседателот Барак Обама смета дека актуелниот план е неодржлив и претстави сопствена визија за идните вселенски летови.

Уште од раните `80-ти години спејс-шатл леталата пренесуваа астронаути и материјал во вселената.

„Ова е емотивен момент – самата помисла да ставиме крај на ерата на шатл-мисиите. Сепак, дојде време да се стори тоа“ вели управникот на НАСА, Чарлс Болден.

НАСА наредната година ќе ја прекине спејс-шатл програмата и презема нови чекори за човечко истражување на вселената. Агенцијата планира да потроши милијарди долари за поттикнување на развој на вселенски летала за комерцијална употреба, а работи и на нови видови на погон за вселенските летала. Но, барем досега, обидите за создавање на нова генерација вселенски летала и ракети наидоа на технички проблеми и големи трошоци. Без шатлот, НАСА ќе треба да потроши стотици милиони долари за да купи транспортни летови до Меѓународната вселенска станица со руските вселенски летала од типот Сојуз.

Претседателот Барак Обама смета дека актуелниот план е неодржлив и претстави сопствена визија за идните вселенски летови.

„Ќе почнеме со испраќање на астронаути на астероид за прв пат во историјата. До средината на 2030-те години, верувам дека ќе можеме да испратиме човечки екипаж во орбитата на Марс, по што би следело и слетување на Марс“, вели Обама.

За исполнување на проектот – Марс, владата на Обама предложи скратување на финансирањето за планот на претходната влада повторно да се испрати човечки екипаж на Месечината до 2020 година, како и кратење на други проекти што би можело да резсултира во губење на илјадници работни места во НАСА. Агенцијата воедно планира да вложи милиони долари кон приватните компании како Боинг за изработка на таканаречени „вселенски такси возила“ што би превезувале туристи на кратки вселенски летови до 2015-та година.

Додека НАСА ја крои новата насока за иднината на вселенските летови, некои аналитичари се прашуваат дали долгорочните планови сепак можат да се реализираат. Според нив се` зависи од тоа кој ќе ја добие битката за буџетот меѓу Белата куќа и законодавците за тоа колку да се инвестира во комерцијалната вселенска индустрија наспроти тоа колку НАСА треба да ги интензивира своите мисии за натамошно истражување на вселената.

XS
SM
MD
LG