Линкови за пристапност

Нови докази за вода на месечината


Нови докази за вода на месечината
Нови докази за вода на месечината

Експертите велат дека мисијата покажала оти на месечината се наоѓаат некои од најстудените места во нашиот соларен систем, иако постојат податоци за случаи кога температурите биле близу до нивната највисока точка.

Минатиот октомври ракета на НАСА со брзина од 9.000 километри удри на површината на јужниот пол на месечината, создаде облак од елементи во кои имаше елементи што подоцна беа проучувани, донесе прелиминарни резултати што сугерираа дека имало одредена форма на вода на месечината.

Научникот Мајкл Варго вели дека серијата откритија изминатава година ја поткрепуваат тезата.

„Потврдивме дека навистина имало вода во форма на мраз во креираниот облак при ударот на ракетата, а присуството беше за околу 50 проценти поголемо од првичните проценки“, истакна Варго.

Ова исто така значи дека во таа област има повеќе вода споредено со некои пустински предели на Земјата.

Варго беше меѓу научниците кои зборуваа на неодамнешната телеконференција за најновите откритија за составот на месечината.

Експертите додаваат дека мисијата покажала оти на месечината се наоѓаат некои од најстудените места во нашиот соларен систем, иако постојат податоци за случаи кога температурите биле близу до нивната највисока точка.

Експертскиот тим кој вршел истражувања на местото на ударот на ракетата, вели дека според податоците постои активен циклус на вода во лунарната сенка каде се претпоставува дека мразот може да биде под нејзината површина.

Научниците велат дека облакот по ударот содржел елементи различни од вода, како молекуларен водород, јаглерод моноксид, жива и сребро. Според нив, сево ова можно е да дошло од кометите и астероидите.

Питер Шулц, професор по геологија на Универзитетот Браун во сојузната држава Род Ајланд, вели дека мисиите на месечината резултирале со податоци кои научниците се надеваат дека ќе ги искористат за добивање на подобра идеја за ресурсите со кои располага месечината.

XS
SM
MD
LG