Американското вселенско летало Дискавери успешно се приземји комплетирајќи го последното патување.
Леталото и екипажот од пет мажи една жена слета на вселенскиот центар Кенеди во Флорида, по мисијата на Меѓународната вселенска станица.
Ова беше 13-дневна мисија на Дискавери, 39-та по ред и последна, при што до Меѓународната вселенска станица пренесе хуманоиден робот и нов надворешен модул за складирање.
Дискавери е најстарото летало од шатл-флотата на НАСА, што беше и најдолго во служба. Се очекува наскоро да биде изложено во музеј во Вашингтон.