НАСА петокот повторно го одложи лансирањето на спејс-шатлот Дискавери откако открила дека во надворешниот резервоар за гориво протекувал водород.
Претставници на американската вселенска агенција сега решаваат за следниот чекор и треба да одржат прес-конференција во текот на денот.
Дискавери првично требаше да полета понеделникот, но лансирањето беше одложено поради технички проблеми и неповолните временски услови во Флорида.
Шестчлениот екипаж на спејс-шатлот има задача да го достави последниот модул за американскиот дел на лабораторијата на Меѓународната вселенска станица, а на 11-дневната мисија со себе го носи и првиот хуманоиден робот, Робонаут 2.
Ова ќе биде 39-тиот и последен лет на Дискавери во 26-годишната историја. НАСА ќе ја пензионира флотата на спејс-шатл леталата наредната година, со што ќе стави крај на нивната 30-годишна програма.