Линкови за пристапност

НААЦП: Граѓанските права во САД – и по еден век незавршена работа


Најголемата победа на организацијата се смета одлуката на Врховниот суд од 1954 со која заврши расната сегрегација во јавните училишта.

Тоа беше срамно поглавје во американската историја што навлезе длабоко во 20-от век. Беа линчувани Африкански Американци за да се казни, но и да се влее страв во цела една раса луѓе. Прекинот со таквите активности и надминување на големата расна поделба беше причина за формирањето на Националната асоцијација за напредок на обоените луѓе, позната по кратенката НААЦП, во 1909-та година.

„Целта ни беше да запре линчувањето, кога буквално беа бесени црни мажи на дрвја и нивно палење живи, 60 години, додека не победивме“, вели Бенџамин Тод Џелос, сегашен претседател на организацијата. Во 2008 на 35-годишна возраст тој стана најмладиот лидер на најстарата и најголема организација за граѓански права.

Најголемата победа на организацијата се смета одлуката на Врховниот суд од 1954 („Браун против Бордот за образование“) со која заврши расната сегрегација во јавните училишта.

Тед Шо е директор-советник во Фондот за законска одбрана на организацијата. Тој вели дека одлуката на судот го растурила системот на супремација на белите што ги субординирал африканско-американските ученици и им ја ускратувал можноста за еднакво образование.

Четириесет и шест години подоцна, организацијата мина од вршење притисок на претседателите за граѓански права на вршење притисок на државата да го признае талентот на црните и да им помогне на сите малцинства.
Розлин Брок со 36 години е најмлада личност на функцијата претседавач на Бордот на директори и прва жена на таа позиција. За сегашните цели на организацијата таа вели дека „сака повторно да се внесе надеж и оптимизам во новите генерации, за да покажат аспирација активно да се инволвираат во промената што сега се случува во нацијата“.

Со првиот црн претседател на САД, Барак Обама, таа промена е очигледна, но во организацијата велат нивната работа не е завршена. Секое дете, велат нејзините лидери, треба да има иста можност да оди на училиште, секој работник - исти шанси за добра работа.




XS
SM
MD
LG