Линкови за пристапност

Египетското Муслиманско братство - опозиција што активно работи за сиромашните


Египетското Муслиманско братство - опозиција што активно работи за сиромашните
Египетското Муслиманско братство - опозиција што активно работи за сиромашните

Забранета од естаблишментот со децении, Муслиманско братство постави добра основа на места како болницата Ел Фарук

Болницата Ел Фарук се наоѓа во предградие на Каиро и токму тука Муслиманското братство ги освојува срцата на Египќаните.

Како и другите објекти, болницата не признава дека прима помош од опозицијата, но групата чие постоење и натаму е официјално забрането, го насочи известувачот на Гласот на Америка токму на оваа локација.

Директорот на болницата д-р Магди Ахмед Абдел Азиз, вели дека болницата им служи на сите, особено на сиромашните.

„Доаѓаат луѓе од повисоката класа, особено во Одделот за итна помош, но доаѓаат и сиромашни луѓе, а трошоците се покриваат со помош од донатори“, вели д-р Азиз.

Ел Фарук и други исламски болници кои примаат помош од донатори, обезбедуваат медицинска грижа за многумина сиромашни Египќани во случаи кога не е доволна владината асистенција.

Муслиманското братство не е џихадистичка организација. Се залага за постепена трансформација. Мухамед Махди Акеф, поранешен претседател на групата, вели дека целта е јасна.

„Исламот треба да раководи со Египет“, вели тој.

Заминувањето од власт на Хосни Мубарак и можноста за одржување на слободни и фер избори, може да отвори нови можности за групата.

Раководството на Муслиманско братство се надева дека добрата волја кај сиромашните во Египет ќе биде вносна за време на изборите, доколку и` биде дозволено на групата да учествува на нив.

Пациентот Исмаил Мохамед Исмаил одбива да каже дали би гласал за кандидат од Муслиманско братство. Тој вели дека не е сигурен дали воведувањето на шаријатското право во Египет некогаш ќе биде неопходно.

„Во `70-те, за време на претседателите Насер и Сабат, луѓето носеа кратки здолништа, но нивната вера беше силна. Сега, повеќето носат хиџаб, но тие не припаѓаат на ниту една религија. Се надевам дека луѓето ќе имаат повеќе вера, како што беше порано. Се надевам дека религијата ќе се врати“, вели Исмаил.

Забранета од естаблишментот со децении, Муслиманско братство постави добра основа на места како болницата Ел Фарук. Следниот предизвик можно е да биде обезбедување на поголема поддршка ширум Египет.

XS
SM
MD
LG