Линкови за пристапност

„Време е за љубов“ – најнов албум на трубачот Артуро Сандовал


„Време е за љубов“ – најнов албум на трубачот Артуро Сандовал
„Време е за љубов“ – најнов албум на трубачот Артуро Сандовал

Трубачот Артуро Сандовал имаше феноменална кариера свирејќи би-боп и афро-кубански џез. Во најновиот албум, пак тој се реши на побавен ритам и малку поинаква музичка насока. Слушнете.

Трубачот Артуро Сандовал имаше феноменална кариера свирејќи би-боп и афро-кубански џез. Во најновиот албум, пак тој се реши на побавен ритам и малку поинаква музичка насока.

Брзиот латиноамерикански ритам е заштитен знак на Артуро Сандовал, но во изработката на новиот албум насловен „Време е за љубов“, тој се одлучи за помек пристап. Продуценските куќи го одбија неговото барање за албум со придружен симфониски оркестар. Сакал да работи на балади со раскошен оркестар, за да може во позадина да ги слушне виолините, виолите, обоата и флејтата.

На крај, Конкорд рекордс се нафатил да го објави неговиот албум „Време е за љубов“. На првиот ден од снимањето, Сандовал излегол пред оркестарот со зборовите: „Стојам пред вас големи музичари со полно срце. Ова е животен проект и нема повозбуден од мене заради оваа драгоцена можност“.

Артуро Сандовал студирал класична труба додека растел во родната Куба. Љубовта кон џезот се родила додека ја слушал омилената радио-програма „Час на џезот“ на Гласот на Америка со легендарниот водител Вилис Коновер. Сандовал се присеќава: „Тоа беше моето вистинско образование, таму ја открив мојата душа.“ Така за првпат тој ја слушнал музиката на неговиот иден колега и ментор, Дизи Гилеспи. Сандовал емигрирал во САД додека бил на турнеја со Дизи во 1990-та година и станал натурализиран државјанин девет години подоцна.

За изборот на песните за неговиот нов албум вели дека бил едноставен процес што започнал уште како чувствително младо момче во Куба. Тој објаснува: „Кога се вљубив во песната, „Smoke Gets In Your Eyes„ си ветив дека еден ден ќе ја снимам.“ Ветувањето конечно го оддржува на новиот албум „Време е за љубов“.

XS
SM
MD
LG