Линкови за пристапност

Филм: „Последниот Македонец“


„Последниот Македонец“ на режисерот Пиперкоски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Филмот на охридскиот режисер Илија Пиперкоски има се` поголемо значење, со оглед на актуелните политички случувања во Македонија и обидите за решавање на дводеценискиот спор за името со Грција

Каде е Македонија сто години по потпишувањето на Букурешкиот мировен договор, дали околностите се променати или пак се повторува истата приказна? Ова е главната тема на играно-документарниот филм, „Последниот Македонец“ - патот до истребувањето, на младиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски. Филмот ја раскажува моќта на соседите, крвопролевањата и разделбата на семејствата.

„Се работи за вечна тема, македонското прашање. Реакциите само што не започнале. Филмот е така конципиран, да се направат реконструкции околу потпишувањето на Букурешкиот мировен договор, како била Македонија поделена, пред да биде поделена, за грчкото, бугарското, српското влијание, но, и што прават Македонците меѓусебе“, изјави Пиперкоски.

Идејата, вели тој, е да се направи паралела како било тогаш а, како е денес. Филмот станува поактуелен особено сега, во време кога Македонија е пред носење на уште една историска одлука, прашањето за името.

„Ние секогаш сме пред донесување на сериозни одлуки. Немало време кога не се носеле некои сериозни одлуки, или пак, се чекало да се донесат некои сериозни одлуки. Навидум, изгледа дека цело време сме чекор назад во историјата, и, чекор напред, кога сами донесуваме одлуки или чекаме некој друг да донесе во наше име. Македонија и македонскиот народ е свесен и знае што сака, борејки се за една територија, за една татковина“, смета режисерот.

Тој објаснува зошто насловот на филмот е „Последниот Македонец“.

„Секој од нас мисли дека токму тој, е всушност вистинскиот Македонец. Но, во одредени ситуации на донесување на одлука, се поставува прашањето, кој од нас е вистинскиот Македонец и кој е последниот Македонец“, вели Пиперкоски.

Во документарниот дел од филмот, историчари од Балканот зборуваат за сите случувања, настани и ситуации. Како сценарист се јавува и Александар Кукулев, а продуцентка е новинарката Снежана Лупеска. Пиперкоски се надева дека филмот ќе остане важен дел од македонската филмска историја. Досега е емитуван и на неколку фестивали, надвор од Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG