Линкови за пристапност

Москва: Апсењата нема да влијаат на односите со САД


Американските власти во неделата уапсија 10 наводни руски агенти, а полицијата во Кипар во вторникот го уапси и 11-от осомничен.

Руското Министерство на надворешни работи соопшти дека апсењето на 11-те лица учесници во наводен руски шпионски прстен, нема да има негативно влијание на подобрените американско-руски односи.

Портпаролот на Министерството изјави дека Москва е запознаена со коментарите од Белата куќа ден претходно, дадени од портпаролот Роберт Гибс кој исто така рече дека апсењата нема да влијаат на подобрените односи меѓу двете нации.

Гибс истакна дека американскиот претседател Барак Обама знаел за наводниот шпионски прстен пред посетата на рускиот претседател Дмитриј Медведев во Белата куќа минатата недела. Гибс рече дека Обама не го покренал прашањето за време на разговорите.

Американските власти во неделата уапсија 10 наводни руски агенти, а полицијата во Кипар во вторникот го уапси и 11-от осомничен.

Наводните агенти се обвинети за работа за руски разузнавачки служби, собирајќи информации во врска со американско нуклерано оружје и надворешната политика, додека живееле навидум спокоен живот во САД.

XS
SM
MD
LG