Линкови за пристапност

Предизвикот - човек на Месечината: 50 години подоцна


Предизвикот - човек на Месечината: 50 години подоцна
Предизвикот - човек на Месечината: 50 години подоцна

Трката за освојување на вселената донесе напредок на човештвото

На 25-ти мај 1961-ва, американскиот претседател Џон Кенеди објави предизвик што го промени човештвото – да го испрати човекот онаму каде што само што можеше да сонува дека ќе замине.

„Верувам дека оваа нација треба да се обврзе да ја постигне целта – пред истекувањето на оваа деценија да испрати човек на Месечината и безбедно да го врати на Земјата“, рече Кенеди во енергичен говор пред Конгресот.

Тоа стана реалност на 20-ти јули 1969-та – астронаутот Нил Армстронг го направи историскиот чекор за човештвото.

Говорот на Кенеди беше во време кога САД и тогашниот СССР веќе беа добро навлезени во трката за освојување на вселената:

Во 1957-ма, Советскскито Сојуз го лансираше Спутник, прв вештачки објект што орбитираше околу Земјата. Само еден месец по говорот на претседателот Кенеди, Советите го испратија првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин.

Предизвикот - човек на Месечината: 50 години подоцна
Предизвикот - човек на Месечината: 50 години подоцна
1961-ва беше време и на други предизвици за САД, освен вслената: висока стапка на невработеност и голем број на постари Американци кои не можеле да си дозволат соодветна здравствена нега – слични предизвици со кои се соочува денешна Америка.

Неодамна, претседателот Барак Обама се наврати на деновите од трката за освојување на вселената.

„Со инвестирање во подобри истражувања и едукација, не само што ги надминавме Советите, туку отпочнавме бран иновации што создадоа нови индустрии и милиони работни места“, рече Обама.

Токму бранот на тие иновации го испрати човекот на Месечината.

И други американски претседатели гледаа на вселената како на предизвик. Роналд Реган во 1984-та зададе ваква визија: „Можеме да ги следиме нашите соништа до далечните ѕвезди, да живееме и работиме за мирољубиви, економски и научни цели во вселената. Денес и` наложувам на НАСА да развие постојана вселенска станица со екипаж и тоа да го стори за една деценија“.

Беше потребно малку повеќе време, но денес на Меѓународната вселенска станица постојано има екипаж и таа е симболот на напредокот на целото човештво.

Ист беше случајот и со стапнувањето на човекот на Месечината:

„Тоа беше пред се` достигнување за човештвото, паралелно со демонстрирањето на американската супериорност“, коментира Алан Нидел од Музејот за авијација и аеронаутика во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG