Линкови за пристапност

Мобилните телефони корисни во земјоделието


Освен од финансиски аспект, овој начин на комуникација ќе им помогне на земјоделците да го намалат и загадувањето на животната средина користејќи го ѓубривото.

За земјоделците кои се обидуваат да извадат максимум од своите поседи, ѓубрењето е клучно, но честопати и скапа инвестиција, вели научникот за почва Роланд Буреш од Меѓународниот институт за истражување на оризот.

На ѓубриво отпаѓа околу 20 проценти од трошоците за производство на ориз, вели Буреш. Тој минал неколку години истражувајќи ги оптималните услови за користење на ѓубривата и вели дека премала количина значи помал род, а со тоа и помал профит. Премногу ѓубриво во превод значи поголеми трошоци, а штетно е за животната средина. Но, бидејќи секој земјоделски посед е различен, да се одреди колку точно ѓубриво е потребно, не е лесно.

Буреш и неговиот тим за таа цел направиле листа на клучни прашања што ќе им помогнат на земјоделците да донесат правилна одлука.

Куриозитет е што земјоделците наскоро ќе можат да одговорат на овие прашања преку своите мобилни телефони.

Кога програмата ќе започне да функционира во Филипините за неколку недели, земјоделците ќе можат да се јават на бесплатен број каде ќе добијат одговор за најразлични прашања. Одговорот ќе биде достапен доколку со притискање на број на телефонот, по што ќе пристигне текстуална порака. Се разбира, за ова да функционира, претходно треба да се знаат некои информации, како колку вреќи ориз се произведени минатата година.

Освен од финансиски аспект, овој начин на комуникација ќе им помогне на земјоделците да го намалат и загадувањето на животната средина користејќи го ѓубривото, вели Даниел Ниренберг, научник во Институтот за еколошки истражувања „Ворлдвоч“.

Ниренберг додава дека потенцијот за технологијата на мобилни телефони се движи и надвор од Азија. Изминативе осум месеци таа има патувано низ суб-Сахарска Африка и каде и да оди, вели, од изолирани делови во Уганда до сиромашни земјоделци во Нигер, речиси секој имал мобилен телефон. Во Замбија, на пример, земјоделците кои немаат банкарски сметки можат преку своите телефони да купат семе и ѓубриво, дури и да дознаат за колку им се продаваат нивните производи на градските пазари.

Мобилните телефони значат многу во денешно време, а сега влегуваат и во функција на земјоделската дејност.

XS
SM
MD
LG