Линкови за пристапност

Профил на Ратко Младиќ: црн потсетник на Сребреница


Профил на Ратко Младиќ: црн потсетник на Сребреница
Профил на Ратко Младиќ: црн потсетник на Сребреница

Воспитуван како војник, а дејствуваше како да не носи армиски чин, велат експертите

Поранешниот командант на силите на босанските Срби Ратко Младиќ по 16 години криење е зад решетки. Но, што е приказната зад обвинетиот за најгрозморни злосторства во Европа по Втората светска војна, масакрот во Сребреница и опсадата на Сарево?

Ратко Младиќ е роден во босанското село Калиновиќ, на 12-ти март 1942-ра година. Се образуваше на Воената академија во Белград и се здоби со ранг на полковник.

Даниел Сервер од Американскиот Институт за мир смета дека Младиќ го изневери армискиот чин.

„Тешко ми е и да додадам каква и да е` армиска титула пред неговото име, затоа што неговото однесување не само што не е непрофесионално, туку е и апсолутно убиствено“, вели Сервер.

Со почетокот на распадот на Југославија во 1991-та година, Младиќ беше распореден во Книн, каде хрватските Срби се побунија откако Хрватска прогласи независност од Југославија.

Една година подоцна Младиќ беше промовиран во генерал-полковник, целосно преземајќи ја командата врз босанско-српските воени сили кои започнаа операции за формирање на посебна српска држава откако Босна и Херцеговина прогласи независност.

Името на Ратко Младиќ е црн потсетник на масакрот во Сребреница. Стручњакот за балкански настани Едвард Џозеф ги навраќа спомените:

„Сребреница во јули 1995-та година беше под контрола на српските сили и покрај фактот што беше под заштита на ОН, таму беа холандски сили и имаше можност НАТО да изврши воздушни напади. Сепак, имаше само симболични напади, а холандските војници не успеаа да ја заштитат цивилната област. Потоа, жените и децата беа однесени со автобуси, а врз мажите, вклучувајќи и момчиња, во рок од неколку дена беше извршен масакр. Според податоците на Меѓународниот црвен крст, беа убиени најмалку 7.000 лица“.

По завршувањето на војната, генералот Младиќ се врати во Белгарад, каде, според некои експерти, беше поддржуван и заштитуван од српскиот претседател Слободан Милошевиќ. Но откако Милошевиќ беше уапсен и пренесен во Хаг, Младиќ почна да се крие.

Џозеф смета дека Младиќ морал да има поддршка од страна на српската армија и тајната служба, за да може толку долго да остане во бегство.

Повеќето експерти се согласни дека апсењето на обвинетите за воени злосторва е само првиот чекор во процесот на помирување и опоравување меѓу различните етнички групи во регионот. Тие потенцираат дека со апсењето на Младиќ, како и претходното, на Караџиќ, е отстранет е голема пречка од патот на Србија кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG