Белата куќа соопшти дека првата дама Мишел Обама подоцна месецов ќе започне петдневна турнеја по Јужна Африка и Боцвана.
Сопругата на американскиот претседател Барак Обама ќе отпатува за Африка на 21-ви јуни, а фокусот на официјалната посета ќе биде младото лидерство, образованието, здравството и благосостојба.
Г-ѓа Обама ќе го посети Јоханезбург и Кејп таун во Јужна Африка и Габорон во Боцвана.
Белата куќа додава и дека патувањето ќе ја истакне важноста на Африка за САД.
Во денеска објавеното соопштение на Белата куќа, САД ја опишуваат Јужна Африка како политички и економски лидер на континентот и витален глобален партнер.
За Боцвана се истакнува дека претставува модел за добро владеење за користење на огромните природни ресурси.