Американскиот претседател Барак Обама нареди знамињата во сојузната држава Западна Вирџинија, да бидат на половина копје, во знак на почит за жртвите за 29-те рудари кои загинаа во најкатастрофалната рударска несреќа во САД со децении наназад.
Во прокламација од понеделникот, Обама нареди знамињата пред сите јавни и воени згради да бидат симнати на половина копје се` до недела. Наредбата тој ја нарече „знак на почит во сеќавање на загинатите“.
Несреќата на експлозија заради, како што велат надлежните, наслаги од метан во рудникот за јаглен Масеј енерџи, се случи на 5-ти април. За овој рудник постојат серија докази од минатото за прекршување на безбедносните правила. Претседателот Обама нареди федералните претставници да спроведат истрага, додавајќи дека неговата администрација ќе ги преземе потребните чекори за спречување на вакви инциденти во иднина.
Спасувачките екипи во понеделникот го извадија и последното тело од загинатите рудари.
Рудникот Масеј минатата година мораше да плати казна од 900.000 долари заради непочитување на безбедносните правила.