Линкови за пристапност

Годишнина од несреќата во рудникот во Западна Вирџинија


Годишнина од несреќата во рудникот во Западна Вирџинија
Годишнина од несреќата во рудникот во Западна Вирџинија

Пред една година загинаа 29 рудари, но до денес нема нова безбедносна регулатива

Компанијата „Масеи енерџи“ во чија сопственост беше рудникот за јаглен во сојузната држава Западна Вирџинија каде во експлозија загинаа 29 лица, денеска ја прекина работата во сите свои рудници одбележувајќи ја годишнината од несреќата.

Компанијата соопшти дека рударите во 92-та рудника за јаглен со молк од една минута и 29 секунди ќе им оддадат почит на загинатите колеги.

Комеморации се оддржуваат и на други локации во Западна Вирџинија. Многумина од жителите се жалат на бавниот напредок на истрагата и неуспехот да се усвојат нови регулативи за безбедност во рудниците.

Поранешен вработен во компанијата и директорот за безбедност во „Масеи енерџи“ се обвинети во врска со инцидентот. Конкретно, директорот за безбедност се товари за опструкција на федералната истрага со лажење на истражните лица и уништување на документи.

XS
SM
MD
LG