Американски федерални власти тврдат дека девет членови на христијанска паравоена група планирале да убијат полицаец, а потоа и да изведат бомбашки напад на неговиот погреб, за да убијат други полицајци.
Во понеделникот беа уапсени осум од деветте барани лица во рации во сојузните држави Индијана, Мичиген и Охајо. Меѓу нив е и наводниот водач на групата, Дејвид Брајан Стоун, неговата сопруга и двајцата синови.
Во обвинението објавено во понеделникот се наведува дека деветемината се обвинети за противдржавен заговор и обид за употреба на оружје за масовно уништување. Според обвинителите, групата која самата се нарекува Хатари, била против владата и имала намера да води војна против САД, планирајќи напад во април.