Линкови за пристапност

Извештај: Промени во глобалната воена моќ


Извештај: Промени во глобалната воена моќ
Извештај: Промени во глобалната воена моќ

Многу држави повеќе вложуваат во армијата заради тензиите во регионот во кој се наоѓаат

Влијателната британска непрофитна организација, Меѓународен институт за стратешки студии, со седиште во Лондон, вели дека има докази за глобална редистрибуција на воена моќ, во време кога западните земји го намалуваат буџетот за одбрана, а други земји ги зголемуваат трошоците за воени потреби.

Во новиот извештај организацијата посеочува дека ова е „голем контраст“ меѓу се` помалите буџети на многу западни земји и се` поголемите издвојувања за потребите на армијата во регионот на Заливот, пацифичкиот регион во Азија и во Латинска Америка.

Директорот на Институтот, Џон Чипман за новинската агенција Ројтерс изјави дека конкретно Кина, во наредните 15 до 20 години може да им парира на САД, што се најголемиот вложувач во потребите за одбраната во светот.

Многу држави повеќе вложуваат во армијата заради тензиите во регионот во кој се наоѓаат. Најдобар пример за зголемени трошоци за армиски потреби се Корејскиот Полуостров, но и Камбоџа и Тајланд во Југоисточна Азија заради долготрајниот пограничен спор.

XS
SM
MD
LG