Линкови за пристапност

Припадници на американската армија го тужат Пентагон за случаи на сексуална злоупотреба


Припадници на американската армија го тужат Пентагон за случаи на сексуална злоупотреба
Припадници на американската армија го тужат Пентагон за случаи на сексуална злоупотреба

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека наводите од сегашни и поранешни американски војници се тешки и загрижувачки и дека армијата има нула толеранција за сексуална злоупотреба

Во тужбата на 17 актуелни и поранешни припадници на американската армија, од кои повеќето се жени, велат дека биле силувани или сексуално злоупотребувани од нивните колеги.

Тие тврдат дека кога ги пријавиле случаите, воените команданти на често не реагирале во насока на преземање чекори, наредувајќи продолжување на службата заедно со злоупотребувачите. Некои од наводните жртви неодамна се појавија на прес-конференција во Вашингтон.

Мила Хајдер вели дека била силувана од војник-колега, додека била на служба во Кореја во 2002-та година.

„Луѓето кои ги прават овие дела се сексуални предатори кои се вешти во изборот на своите жртви, со намера да го повторуваат своето однесување, а факт е дека не се повикани на одговорност од страна на Одделот за одбрана, зашто се третира како предмет меѓу војници, што не е случај“, вели Хајдер.

Во тужбата се наведени случаи од вербална до сексуална злоупотреба, како и групно силување.

Во случаите се споменува секретарот за одбрана Роберт Гејтс и неговиот претходник Доналд Рамсфелд, како обвинети, кои се товарат за непостапување по ваквите жалби. Поранешниот капетан во морнарицата Ану Багвати, вели дека Пентагон повеќе е фокусиран на пријавување на вакви дела од страна на мажи и жени, отколку на гонење на сторителите. Багвати сега е извршна директорка на Мрежа за акција на жени, група за заштита на човековите права.

„Помалку од еден на пет извршители на вакви дела излегува пред суд. Повеќето од нив не добиваат казна затвор“, вели таа.

Пентагон пак верува дека 80 проценти од сите случаи на лица кои преживеале сексуална злоупотреба, не го пријавуваат делото. На распит во Конгресот во средата, секретарот Гејтс истакна дека Одделот за одбрана има „нула толеранција“ за сексуална злоупотреба и дека армијата вложува поголеми напори да ги гони наводните сторители.

„Имаме напредок, но факт е дека не сме онаму каде треба да бидеме“, рече Гејтс.

Тој додаде дека го зголемил бројот на адвокати за застапување на жртви на сексуална злоупотреба, од 300 на 3.000, кои се лоцирани во секоја американска база во светот.

XS
SM
MD
LG